Етно куќа Бозовца Гуест Хоусе  „Бозвил“ пречекува германски, чешки, полски и други туристи

Шар Планина е најголемата куќа на биодиверзитетот во Северна Македонија, но и најголемата куќа за развој на планинскиот туризам и зајакнување на локалната економија. Во последните години се забележуваат знаци на подобрување и создавање услови за привлекување што повеќе туристи, а сето тоа е направено со придонесот на жителите од овие села  кои почнаа да отвораат етно куќи за гости, кои нудат традиционална храна, организирано по најубавите места.

Една од куќите за гости која неодамна стана многу позната за германски, чешки, полски туристи но и за туристите од Албанија, Косово и многу други земји е куќата „Бозвил“.

Куќата се наоѓа на планината на село Бозовца, на една лесно достапно место, со традиционален изглед и таверна. Албанското гостопримство продолжува да се вкорени уште подлабоко кај помладите генерации. Многу странски туристи се задоволни од гостопримството, пријатните разговори со нив, приказните за околината, убавините на планината Шар и локалните жители кои се подготвени да ги придружуваат туристите. Бујар Лимани, рече дека најголем број туристи кои престојуваат кај нас се чешки, полски, германски и други туристи.

Во моментов имаме капацитет од 8 до 12 места, но нашата цел останува да го обновиме бројот на капацитети за прием на туристи. Храната што ја подготвуваме е традиционална и био и тоа ја прави разликата од многу други земји. Оваа област има потреба од промоција и институционална поддршка за развој и закрепнување на локалната економија. Бозовца е на 12,7 км од Тетово, тоа е најдлабокото планинско село во Шар каде во текот на летото има се повеќе луѓе поради се чпоголемиот број на странските туристи Оваа презентација е во рамките на проектот „Заштита на животната средина и промоција на планинскиот туризам“ спроведен од здружението Ренесанса, поддржан од ЦНВП- Фондација Преспа Охрид природен труст – ПОНТ

About Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *