Стратегијата за туризам ќе биде во функција на локалниот економски развој

Согласно активностите во рамките на проектот „Заштита на животната средина и промоција на планинскиот туризам“, одржавме средба со претставници на секторот за локален економски развој во општина Јегуновце за да видиме одблиску со какви капацитети располага оваа општина и што содржи стратегијата на оваа општина за развој на планинскиот туризам и колку се информирани жителите за недрвените шумските производи. Дарко Спасовски од ЛЕР го поздрави проектот на здружението Ренесанса во врска со истражувањето на стратегијата и чекорите што општината треба да ги преземе за сензибилизирање и информирање на јавноста.

Според него, општина Јегуновце има многу места за развој на туризмот и природата има доволни количини недрвени производи, но ни недостига соодветна стратегија, особено во информирањето на граѓаните за привлекување туристи. Тие изразија подготвеност и покажаа голем интерес да ги вклучат нашите препораки и студиите што ќе се направат на терен во нивната туристичка стратегија. Соработката и комуникацијата не само со општината туку и со локалните жители ќе продолжи да ја подига свеста на граѓаните и ќе им понуди услови и можности за развој на планинскиот туризам и одгледување недрвени производи.

” Оваа презентација е во рамките на Проектот што го реализира здружението Ренесанса

„Заштита на животната средина и промоција на планинскиот туризам

#CNVP #PONT #SustainableUseOfNaturalResources #Shar #KorabKoritnik #AlbanianAlps #MeetOurGrantees #RenesansaCNVP FoundationPrespa Ohrid Nature Trust – PONT

About Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *