Регионална конференција: Унапредување на одржливиот туризам и заштита на биолошката разновидност во регионите Шар, Кораб Коритник и Албанските Алпи.

Регионална конференција: Унапредување на одржливиот туризам и заштита на биолошката разновидност во регионите Шар, Кораб Коритник и Албанските Алпи.

Во Маврово започна дводневната Регионална конференција за одржливо користење на природните ресурси во регионите Шар, Кораб Коритник и Албанските Алпи, на која  имаше над 100 учесници (од локални невладини организации, локален бизнис, експерти и претставници на заедницата) од Северна Македонија. Албанија и Косово. Во организација на CNVP Северна Македонија со финансиска поддршка на PONT, овој значаен настан е посветен на унапредувањето на одржливиот туризам и заштитата на биолошката разновидност во регионите Шар, Кораб Коритник и Албанските Алпи.

Конференцијата беше отворена со поздравен говор на Нехат Рамадани, директор на CNVP во Северна Македонија, кој истакна „Посебната вредност на конференцијата е средбата и дискусијата на едно место овде во Маврово, со почитувани истражувачи, практиканти, бизнис фермери, земјоделци и други од целиот Балкан“. Мирјам де Конинг, извршен директор на PONT, ја истакна важноста од вклученоста и координацијата на засегнатите страни во развојот, управувањето и одржувањето на туристичките производи базирани на природата.

Во текот на вториот ден, претставниците на невладините организации кои имаат добиени пројекти од CNVP-PONT ги презентираа своите активности.

About Author

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *