Едно од најпосетуваните места во Полошко, сместено во густата шума на Шар Планина над селото Беловиште е токму местото Петачко Водиче. Ова место од година на година се развива на постојаната стара инфраструктура.
Месноста Петачко Водиче го добила името по малата црквичка ,,Света Петка,,за која постои верување дека изворот со вода во самиот храм е лековит посебно за очи и очни болести. Изворот не е од планината над селото Беловиште туку во самиот божји храм.